Во организација на Планинарско друштво „Бигла 2013“ – Демир Хисар и со поддршка на Општина Демир Хисар денеска се одржува традиционалната планинарска велосипедска тура „Еврејка-2019“.
Во спортско-рекреативниот настан учествуваат 50 велосипедисти од Демир Хисар, Битола, Ресен, Прилеп и други учесници од регионот чија цел е презентација и промоција на излетничко – туристичките и рекреативни потенцијали на Општина Демир Хисар како развој на т.н. „цикло – туризам“ во општината.
– Велосипедистите ќе минат низ локални и шумски патишта, односно целата траса е во планинските предели на Општина Демир Хисар, Бигла, Илинска и Плакенска планина. Велосипедската тура е долга околу 62 километри и нејзиниот почеток и крај се на градскиот плоштад, информираа од Општина Демир Хисар.