Македонија

Во дом на 24-годишен скопјанец пронајдени дрога, пиштол, муниција и пари – поднесена кривична пријава

Во дом на 24-годишен скопјанец пронајдени дрога, пиштол, муниција и пари – поднесена кривична пријава

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишен скопјанец поради сомнение за кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога и нелегално поседување оружје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на Ѓ.С. (24), извршен на 3 февруари 2026 година, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, дигитална вага, пиштол, муниција и парични средства во различни апоени.

Во полицискиот билтен се наведува и присуство на тетрахидроканабинол и кокаин на дигиталната вага.

Меѓу одземените предмети бил пиштол од марката „Црвена Застава“, како и рамка со куршуми.

Против осомничениот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Од МВР не соопштуваат колкаво количество дрога било одземено, ниту колку пари биле пронајдени при претресот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни