Царинските службеници во регионот Екс-ан-Прованс на југот на Франција запленија 206,6 килограми кокаин за време на контрола на камион на автопат, соопшти француската царина.
Дрогата била скриена во осум спортски торби во кабината на возилото, објави денес францускиот BFM, нагласувајќи дека станува збор за заплена на најголемата количина кокаин откриена оваа година во тој регион.
Камионот со романски регистарски таблички бил запрен кон крајот на јули на наплатната рампа Ла Барк.
Во Франција запленети повеќе од 200 килограми кокаин