Прифатен е предлогот во германскиот Бундестаг за испорака на тешко оружје во Украина.
Партиите за христијанско единство (ЦДУ/ЦСУ), исто така, го поддржаа предлогот поднесен од Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), кои ја формираа владата. Екстремно десничарската Алтернатива за Германија и Левицата гласаа против предлогот.
Предлогот со наслов „Брани го мирот и слободата во Европа“ беше прифатен со 586 гласови „за“ и 100 „против“, 7 пратеници беа воздржани.
Одобрениот предлог и овозможува на владата да испорачува тешко оружје и различни системи за оружје во Украина.
Сепак, пратката на оружје ќе се оценува во тесна соработка со членките на НАТО.
Дитмар Барч, претседател на Парламентарната група на Левата партија, кој гласаше „не“ за резолуцијата, предупреди на ризикот од нуклеарна војна како резултат на испораките на оружје за Украина.
