4NEWS.mk

Во Гевгелија се одржа регионална работилница за недискриминација

Државни службеници од Гевгелија, Богданци, Дојран, Демир Капија, Неготино и Кавадарци денеска во Гевгелија присуствуваа на работилницата за недискриминација и против говорот на омраза што ја организираше Министерството за труд и социјална политика.

– Работилницата во Гевгелија беше една од серијата обуки кои треба на државните службеници да им го олеснат справувањето со дискриминацијата и говорот на омраза, поради што им беа презентирани основите за нормалност, еднаквост, стереотипи, прерасуди, како и механизмите за заштита од дикриминација, а стана збор и за значењето на слободата на изразување наспроти говорот на омраза, рекоа организаторите.

Предавачи на работилницата во Гевгелија беа Антонио Михајлов и Давид Тасевски од Субверзивниот фронт и Вера Коцо од Институтот за човекови права. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни