Во Гостивар се одржа концерт по повод Илинден

По мотото „Наша Македонија” и со концерт на две културно уметнички друштва, во Гостивар беше одбележан државниот празник 2 Август – Илинден.

Се вчитува...

Во летниот амфитеатар на кејот на Вардар пред гостиварци со ора и изворни песни се претставија членовите на гостиварското градско аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Гиноски” и КУД „7-ми Септември” од Македонски Брод. На сцената во амфитеатарот настапи и младата гостиварска пејачка Кристина Јовановска, а настапи имаа и солисти.

Кон крајот на програмата раководството на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ на соработниците и помагателите им беа доделни благодарници за Денот на Републиката – 2 Август. 

Извор: Сител телевизија