На многу грчки плажи, покрај кристално чистото море и сонцето, демне и една скриена опасност – рибата „Драгана“ (позната и како weever fish), која е честа во Егејското и Јонското Море.
Оваа риба најчесто се закопува во песокот оставајќи видлива само горната перка, но може да се сретне и во плитките делови со камења каде што чека плен. Токму поради тоа, тешко се забележува, а случајниот контакт најчесто завршува со болен убод.
Последици од убод:
Убодот од „риба драгана“ предизвикува интензивна болка, оток и црвенило. Дополнително, може да се појават и сериозни симптоми како трнење, вкочанетост, вртоглавица или мачнина 🚑.
Прва помош:
Најдобро е погоденото место веднаш да се потопи во што потопла вода, а потоа да се побара лекарска помош.
Како да се заштитите?
Експертите советуваат да се носат папучи за капење, особено на плажи со песок и камења, за да се избегнат непријатности и ризик од убод.
Иако не е смртоносна, рибата „Драгана“ е доволна причина туристите да бидат повнимателни при влегување во морето.
