„Имате училиште, што сакате повеќе“.
Вака започна средбата меѓу властите и родителите на децата од Јурумлери.
Во Идризово пристигнаа министерот за образование, Арбр Адеми, пратеникот Артан Груби, Мухамед Зеќири и градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски. Дојдоа за да се сретнат со родителите и да изнајдат решение за децата Албанци од Идризово да можат наставниот процес го следат на нивниот мајчин јазик. На средбата двете страни се договорија да се изнајде долгорочен договор, како што е изградба на ново училиште. Адеми и Георгиевски рекоа дека нивните средби ќе продолжат и во наредните денови за да изнајдат решение за 11 ученици кои веќе цел месец не одат на училиште.
Првиот човек на Гази Баба, рече дека се надева утре да изнајдат краткорочно решение за проблемот со цел децата да не губат од настава.
Инаку, за изградба на новото училиште во Идризово, ќе се разговора и на владината седница што ќе се одржи во вторник.
