Во Истанбул е отворена најголемата турска универзитетска библиотека, објави „Хуриет дејли њуз“.
Библиотеката на истанбулскиот универзитет „Медениет“ ја отвори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави БТА.
Универзитетската библиотека има 1 милион книги. Има 3000 седишта.
„Нашите предци рекоа дека земјите освоени со меч ќе ги држи перото. Невозможно е да преживеат нациите кои ги прекинаа контактите со книгите и библиотеките“, рече Ердоган на церемонијата на отворање на библиотеката во петокот.
Владата исто така работи на претворање на касарната Рами во Истанбул во библиотека, додаде тој.