Свет

Во израелски воздушен напад е оштетен аеродромот во сирискиот град Алепо

Во израелски воздушен напад е оштетен аеродромот во сирискиот град Алепо

Израелски воздушен напад предизвика материјална штета на аеродромот во сирискиот град Алепо, соопшти утрово сириското Министерство за одбрана во соопштение на Фејсбук, цитирано од Ројтерс.

Израелската војска одби да коментира, забележува агенцијата.

Израел со години извршува напади против, како што тврди, цели поврзани со Иран во Сирија. Влијанието на Техеран во Сирија порасна откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што изби во 2011 година.

Денешниот напад на аеродромот во Алепо е трет во последните шест месеци. Според сириското Министерство за одбрана, Израел нешто пред 4 часот утринава истрелал неколку проектили од Средоземното Море, западно од крајбрежниот град Латакија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни