ВО ЈУЛИ: Снег падна во Турција!

Во некои делови од Турција, температурата во последните денови надмина 40 степени Целзиусови, додека, од друга страна, во регионот Ризе падна снег.

Во последните денови во неколку региони избувнаа шумски пожари, вклучувајќи ги Измир, Бурса, Текирдаг и Адана, а противпожарните служби се на терен.

Од друга страна, регионот Ризе побеле, особено висорамнината Баликли, која се наоѓа на надморска височина од околу 2.400 метри надморска височина, објавува Хабер.

Во тој регион, надлежните служби интензивно работат на расчистување на патиштата од снег.

Во областите со голема надморска височина во регионот на Црното Море, како што е Ризе, снегот понекогаш паѓа во текот на летните месеци, но врнежите со овој интензитет се ретки.

Експертите во оваа пригода укажуваат на ефектите од климатските промени и предупредуваат дека ваквите феномени би можеле да станат почести.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.