Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“. На 10.06.2020 околу 05,40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија –Скопје, било забележано товарно возило „ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина. Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал. При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
.