Во Косово е регистриран првиот случај на западно нилска треска.
Оваа информација ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово (ИКШПК).
Како што велат, се работи за 59-годишен пациент од Косово Поле.
„Станува збор за пациент. Хоспитализиран на Инфективната клиника на Клиничко-универзитетскиот центар на Косово (ЌКУК) на 29.07.2024 година, поради симптоми како замор и висока температура. Овие симптоми кај пациентот започнале на 22 јули 2024 година, а по амбулантско лекување е хоспитализиран на 29 јули на Инфективната клиника на ЌКУК за евалуација и понатамошен медицински третман“, велат од таму.
Институтот вели дека пациентот престојувал во Шенѓин во Албанија, од каде заминал за Улцињ во Црна Гора.
Симптомите, како што велат, се појавиле веднаш по враќањето од Улцињ, а моментално се лекува на Клиниката за инфективни болести на ЌКУК.
„Со оглед на тоа што од минатиот месец неколку земји од Европската унија и од Западен Балкан пријавија случаи на западнонилиски вирус како што се: Шпанија, Италија, Грција, Австрија, Унгарија, Франција, Србија и, неодамна, Албанија, ИКШПК го подигна степенот на внимателност и ги советува граѓаните да ги следат препораките дадени континуирано за спречување на случаи на вирусот на Западен Нил. ИКШПК ги информира граѓаните дека епидемиолошката состојба е мирна и се следи со зголемена внимателност“, се вели во соопштението.
