Во Крива Паланка буџетски форум “Мои пари, моја одговорност”

Презентација на годишните планови, програми и области на дејствување на одделенијата од општина Крива Паланка се одржа на денешниот настан модериран во вид на буџетски форум со цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината.  

Презентацијата се одржа во општинската сала во Крива Паланка, а присуствуваа граѓани, претставници на невладини организации, бизнис секторот, медиуми и останатите чинители од локалната заедница.
 
– Денешната активност е дел од  проектот „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија” којшто се спроведува на територијата на општина Крива Паланка, а има цел по однос на изложените програмски цели и активности граѓаните проактивно да дејствуваат вклучувајќи се со предлози, идеи и сугестии во дискусии и препораки за нивните приоритети, рече Јорданчо Миневски од ЕГРИ.
 
Проектот го спроведува здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ” со поддршка на општина Крива Паланка. 

Извор: Сител