Македонија

ВО КУМАНОВСКО СЛУПЧАНЕ СЕ ГРАДИ КУЛА ВО ЧЕСТ НА УЧК Висока е над 20 метри и чини 200.000 евра (ФОТО)

ВО КУМАНОВСКО СЛУПЧАНЕ СЕ ГРАДИ КУЛА ВО ЧЕСТ НА УЧК Висока е над 20 метри и чини 200.000 евра (ФОТО)

Споменик вреден 200.000 евра и висок над 20 метри ќе биде свечено откриен во кумановското село Слупчане, а кој ќе биде посветен на борците на УЧК.

Изградбата на овој споменик беше најавена уште минатата година на 2 мај, односно на денот кој партијата на Али Ахмети, ДУИ, го слави како Ден на бранителите.

– Овој споменик е во спомен на паднатите борци, на ОНА, на мајките, жените и на сестрите од овој реон – рече лани Ахмети.

Токму на 2 мај годинава ќе биде свечено отворена таканаречената „спомен кула“. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи, од ДУИ.

– За тоа што мачениците го дадоа за нашата слобода, ние ја поставивме Спомен кулата за да го одбележиме нивното херојско дело за цел живот“, пишува Арифи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни