Македонија

Во опозиција обвинуваа за „фиктивни земјоделци“ – на власт лимитирање на субвенциите на големите фирми

„Се зема државна земја која не се обработува, а за истата се земаат субвенции“- вака пред три години ја критикуваше тогашната власт екс-министерот за земјоделство Љупчо Николовски сегашен секретар на СДСМ.

Дали се откриени „фиктивните земјоделци“, кои се, колку се, разговаравме со Министерот за Земјоделство, Трајан Димковски. Тој вели дека се направиле контроли кои се во надлежност на државниот инспекторат за земјоделство. Откриените се санкционирани, а големите земјоделски фирми  се лимитирани со износ од 300 000 евра за субвенции. Раскинати се 300 договори за три месеци со големи фирми. Бројот на земјоделци на кои им следуваат субвенции е намален за 3000.

Бројот на санкционирани земјоделци според директорот на Платежна агенција Бабовски е многу мал, бидејќи земјоделците знаат како правилно да ги искористат сретствата. Тој вели дека нема такви кои не обработуваат земјоделски површини, само некои пријавиле една култура а одгледувале друга, што е забележано со сателитските снимки.

За Николовски пред 4 години кога беше заменски министер беше скандалозно тоа што Платежна ги крие извештаите, евиденциите на доделување на субвенциите и земјиштето, тоа беа според него двете алатки со кои Груевски и Мијалков ги купуваат земјоделците за време на избори. Министерот Димковски вели дека ја прекинале праксата во очи избори да се давата субвенции на земјоделците, она што им сметаше во опозиција, а според нив го практикувала поранешната власт.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни