4NEWS.mk

Во општина Берово потпишани договорите за финансирање невладини организации

 Во рамките на своите активности за поддршка на граѓанскиот сектор, по објавениот јавен повик од страна на Општина Берово, потпишани се договорите за финансиска поддршка на пет невладини организации за годинава со вкупен износ од 300 илјади денари.

Комисијата за евалуација, изврши рангирање на доставените предлог проекти, по што е донесена одлука да бидат доделени средства на сите невладини организации, кои на повикот се јавиле со комплетни документи, распоредувајќи ги средствата според содржината на поднесените предлог проекти. Според донесената одлука, распределени се средства на пет здруженија.

Најголемиот износ од страна на општината му беше доделен на здружението „Владимирски Илинденски средби” кои за организирање на четиридневниот настан доби 100 илјади денари. Меѓу останатите здруженија кои добија средства се „Пингпонгарски клуб Берово”, Здружението за заштита на животните „Проанима“ и огранокот на ПСК „Сосна” од Берово.

Со цел транспарентно и отчетно информирање на граѓаните извештајот за тоа како се искористуваат овие средства, како што информираа од општина Берово, за трошење на средствата е објавен на општинската веб страница. 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни