Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100.000 заразени со Ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти.
Владата утрово соопшти дека има 103.671 заразени, а според вчерашните податоци, од коронавирусот починале над 2.000 лица.
Како што пренесуваат странските агенции, бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот број прегледи, така што министерот за здравство на провинцијата Кибер-Пактунква кон крајот на мај изјави дека бројот на заразени лица е десет пати поголем од официјалните податоци.
Сепак, стапката на смртност, која се зголемува, е сè уште мала во оваа земја со лоша здравствена инфраструктура.
Премиерот Имран Кан од почетокот на пандемијата се спротивстави на затворањето на градовите, со што се овозможува спасување на луѓето од коронавирусот, но не и од умирање од глад.
Тој на почетокот на јуни најави укинување на сите мерки воведени на почетокот на март во Пакистан.
