Македонија

Во петок авионско прскање против ларви од комарци во Скопје

Во петок авионско прскање против ларви од комарци во Скопје

Град Скопје информира дека во петок, 10 јули, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на целото подрачје на главниот град.

Од Градот посочуваат дека акцијата е дел од редовните мерки за намалување на популацијата на комарците во текот на летниот период.

Доколку временските услови не дозволат изведување на авионското прскање во предвидениот термин, дезинсекцијата ќе биде реализирана првиот нареден ден кога ќе има соодветни услови, исто така во раните утрински часови.

Воедно, од Град Скопје упатија апел до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни