Свет

Во Полска апчиња јод за пожарникарите поради борбите во близина на нуклеарната централа во Украина

Во Полска апчиња јод за пожарникарите поради борбите во близина на нуклеарната централа во Украина

Полското Министерство за внатрешни работи им дели апчиња со јод на пожарникарите во земјата поради борбите околу нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е окупирана од руски војници, јави ДПА.

Министерството соопшти дека и за секој полски граѓанин ќе се подготват доволна количина таблети калиум јодид.

„Ова е стандардна процедура предвидена со закон која се применува во случај на можна (нуклеарна) вонредна состојба со радијација“, соопштија од одделот. Сепак, според Министерството, во моментов нема изложеност на нуклеарно зрачење.

Надлежните ги предупредија и граѓаните да не земаат апчиња со јод како превентивна мерка.

Гранатирањето објекти на нуклеарната централа Запорожје предизвика меѓународни стравувања од нуклеарна катастрофа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни