Грција во понеделник ќе испрати Врбална нота до Скопје што ќе информира дека Грција го ратификуваше Договорот од Преспа и Протоколот за членството во НАТО
– Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција,
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.