Поради густата магла во Сараево и утринава откажани се летовите на меѓународниот аеродром во Сараево.
Откажани се полетувањата на авионите на Кроација ерлајнс и Туркиш ерлајнс. Следниот лет е планиран за 9 часот, пренесува Avaz.ba.
Што се однесува до пристигнувањето, засега се одложени два лета. Авионот на Eurowings кој требаше да слета во 8:15 е преместен во 10:30, а пристигнувањето на Swiss наместо во 8:45 било планирано за 11:25 часот.
За потсетување, вчера поради густа магла беа откажани неколку летови, а особено критична беше ситуацијата во Добриња и Илиџа.
Воздухот во Сараево во моментов е многу нездрав, а индексот на квалитетот на воздухот е 257.