Свет

Во Шри Ланка прогласени вонредна состојба и полициски час – претседателот побегна на Малдиви

Во Шри Ланка прогласени вонредна состојба и полициски час – претседателот побегна на Малдиви

Вршителот на должност премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите поради протестите поради економската криза.

Вонредна состојба е прогласена во цела земја, а во западната провинција воведен е полициски час. Одлуката веднаш стапува во сила.

Викремесинге претходно беше именуван за вршител на должноста претседател на државата. Раџапакса, кој ја напушти земјата го овластил Викремесинге да постапува во негово име.

По неколкунеделните протести што кулминираа со упадот на демонстранти во неговата резиденција во саботата, Раџапакса изутринава со авион на военото воздухопловство побегна за Малдиви.

Тој најави дека ќе поднесе оставка за да го отвори патот за „мирен трансфер на власта“ по големите протести против него поради најголемата економска криза во Шри Ланка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни