Словенечките доктори објавија дека засега немаат потврден случај на лице заразено со коронавирусот во масовното експериментално тестирање на граѓаните.
Со теренските проверки засега опфатиле 200 од планираните 3.000 граѓани, а целта е да се добие реална слика за раширеноста на коронавирусот во земјата.
Мирослав Петровец од Институтот за микробиологија и имунологија изјави дека засега немаат откриено позитивен случај во големиот експеримент кој започна во понеделникот.
Инаку, според планот предвидено е до петок да се тестираат вкупно 3.000 граѓани по случаен избор, односно по десет од сите 300 општини во земјата. Списокот за тестирање го направи Државниот завод за статистика, а ќе бидат опфатени здрави особи без разлика на полот и возраста.
