Балкан

Во Србија уапсени двајца тинејџери поради закани, во домот на трет бил пронајден пиштол

Во Србија уапсени двајца тинејџери поради закани, во домот на трет бил пронајден пиштол

Во два масакри во Србија што се случија за два дена беа убиени вкупно 17 лица. Околу дваесет луѓе се ранети.

По масовните убиства, на социјалните мрежи кружат и поддршки за убијците, како и нови закани:

Приведено 14-годишно момче, објавил фотографија од убиецот и заканувачка порака

Припадници на српското МВР во Сремска Митровица приведоа четиринаесетгодишник поради сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.

Полицијата смета дека момчето на социјална мрежа објавило фотографија од осомничениот за убиството на осумте деца и обезбедувањето во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

Момчето оставило порака со споменатата фотографија дека ќе го направи истото како напаѓачот од белградското училиште, пренесува Нова.рс. Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица, соопшти МУП.

Полицијата упаднала во куќа, кај тинејџер бил пронајден пиштол.

Припадниците на српското МВР во Врање по наредба на Вишото јавно обвинителство Врање ќе поднесат кривична пријава против 17-годишник поради основано сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење. и трговија со оружје и експлозивни материјали.

По пријава на граѓанин дека 17-годишник има оружје, полицијата при претрес во куќата во која живее во Врањска Бања пронашла пиштол, се вели во соопштението од СВР Врање.

15-годишно момче од Србија е уапсено, испратил заканувачка порака до девојка од неговиот клас

Во Књажавец кај Зајечар, на истокот на Србија, во петокот полицијата уапсила петнаесетгодишно момче поради основано сомнение дека сторило кривично дело загрозување на безбедноста, пишува онлајн порталот Зајечар.

Се сомневаат, како што пишуваат, дека на 3 мај испратил заканувачка порака до петнаесетгодишна соученичка, која таа ја пријавила во полиција.

Осомничениот со кривична пријава е приведен кај судијата за малолетници на Вишиот суд во Зајечар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни