Свет

Во Судан уапсен најбараниот трговец со луѓе во светот

Во Судан уапсен најбараниот трговец со луѓе во светот

Интерпол денеска соопшти дека во Судан е уапсен, Ертитрецот, Кидан Зекаријас Хабтемариам познат како еден од најбараните трговци со луѓе во светот.

– Тој е уапсен во голема меѓународна полициска операција предводена од Обединетите Арапски Емирати, врз основа на информации споделени преку Интерпол, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ОАЕ.

Хабтемариам е обвинет за водење на банда која киднапирала, изнудувала и убивала мигранти од Источна Африка, кои се обидувале да го преминат Средоземното Море од Либија во Европа.

„Операцијата траеше девет месеци и ги вклучи холандските, етиопските и суданските власти“, напиша на Твитер, на министерот за внатрешни работи на ОАЕ, Саид Абдула ал-Суваиди.

Интерпол ги следеше активностите на Хабтемариам од 2019 година. Холандските власти претходно го обвинија дека водел камп во Либија со илјадници мигранти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни