4NEWS.mk

Во терористички напад во Сомалија убиени најмалку 20 војници

Најмалку 20 војници на сомалиската Влада се убиени, а 18 се повредени кога припадници на екстремистичката група Ал Шабаб упаднала во воена база јужно од Могадишу.

Екстремистите активирале автомобил бомба кај воената база Ел Салин, а потоа следел пешадиски напад, соопштија локалните власти.

Екстремистите кусо време имале и контрола над базата.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни