4NEWS.mk

Во Виетнам апсење на осомничени во врска со починатите во камионот ладилник

Осум лица се уапсени од виетнамската полиција во врска со пронајдените 39 тела во камионот ладилник во близина на Лондон минатата недела, објавија денеска државните медиуми.

„Врз основа на информациите што ги добиваме од осомничените, ние активно ќе започнеме истраги за борба и искоренување на тие кругови кои нелегално ги носат луѓето во Велика Британија“, соопшти полицијата.

Во петокот виетнамската полиција уапси две лица и продолжи со испрашување на уште неколку поради сомневање дека се вмешани во организиран шверц со луѓе.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни