Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди провинцијата Елазаг во петокот навечер, со епицентар во малиот крајбрежен град Сиврице. Земјотресот беше почувствуван во соседните градови и земји.
Турската служба за справување со катастрофи и вонредни состојби го потврди бројот на загинатите, повеќето од нив во провинцијата Елазаг и најмалку четворица мртви во соседната провинција Малатија. Бројот на повредени исто така се зголемува, а во моментов изнесува 1.607 лица.
Спасувачките екипи и натаму бараат преживеани, а досега од под урнатините се спасени 45 лица.
Повеќе од 80 згради се целосно уништени од земјотресот и најмалку 645 се тешко оштетени во Елазаг и Малатија.
Вчера турскиот претседателот Реџеп Тајип Ердоган вети дека турската Агенција за домување ќе стори сé што е потребно за да се осигура дека никој нема да остане без покрив над главата.
Ердоган вчера присуствуваше на погребот на една жена и нејзиниот син во Елазаг, а подоцна ги посети и повредените во Малатија.


