Македонија

Во Зрновци пронајдена мртва жена, телото дадено на обдукција, се проверува дали е жртва на семејно насилство и силување

Во Зрновци пронајдена мртва жена, телото дадено на обдукција, се проверува дали е жртва на семејно насилство и силување

Во Зрновци е пронајдено мртво женско лице. Телото е предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта и да се провери дали станува збор за семејно насилство и силување.

На местото на настанот моментално се присутни службени лица од Полициската станица Кочани, кои вршат првични истражни дејствија.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени, велат од ОЈО.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни