Воен брод на Мјанмар рано утринава отвори оган врз тајландски рибарски чамци кои се наоѓаа во водите во близина на остров на југот на Тајланд, во близина на границата со Мјанмар, соопшти тајландската војска.
Најмалку двајца членови на екипажот загинаа, а двајца се ранети во нападот на воениот брод на Мјанмар, јави јапонската агенција Кјодо. По инцидентот на островот Фајам, војската на Мјанмар зароби неколку тајландски рибарски чамци и приведе 31 член на екипажот, чие ослободување побара тајландската влада.
Локалните медиуми во Тајланд јавија дека рано утринава воен брод на Мјанмар отворил оган врз три тајландски рибарски чамци кои биле во водите на Тајланд. Извештаите покажуваат дека рибарските чамци биле на 20 километри западно од Кох Фајам кога бродот од Мјанмар им се приближил, објави Nationthailand.com