Министерството за одбрана на Камбоџа дури денеска соопшти дека во тек е потрага по воен хеликоптер кој исчезна за време на обука во петокот над пошумениот планински венец Кардам на југозападот на земјата, пренесе агенцијата АП.
Камбоџанските медиуми соопштија дека во кусото воено соопштение се вели дека времето е лошо, но не е наведено колку луѓе имало во хеликоптерот З-9 од кинеско производство.
Во 2014 година, двајца генерали кои ја предводеа хеликоптерската единица на воздухопловните сили и двајца пилоти, исто така, загинаа во хеликоптер З-9 од кинеско производство, кој се урна во езеро јужно од главниот град на Камбоџа, Пном Пен.
Причината за тој пад не е целосно разјаснета.