4NEWS.mk

Вонредна состојба во Гватемала поради убиство на војници

Владата на Гватемала прогласи вонредна состојба во 22 општини во североисточниот дел на земјата, откако дилери на дрога од заседа убиле тројца војници на границата со Белизе.

Конгрес ја одобри мерката, со која на полицијата и се овозможи притворање на осомничените, без налог за апсење.

Со вонредната состојба воведен е и полициски час во текот на ноќта и ограничено е правото на одржување протести и масовни собири.

Гватемала важи за транзитна локација за кокаин, кој од Колумбија се пренесува во САД.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни