Во текот на следните четири до пет дена ќе имаме голема разлика на температурите на воздухот помеѓу најниските минимални и највисоките максимални температури па токму поради ова времето ќе има негативно влијание врз граѓаните а особено врз метеопатите.
Разликата помеѓу минималните и максималните температури ќе биде дури од 10 до 15 степени па така наутро темепратурите ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се спуштаат до околу 20 степени.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Ваквата ситуација ќе услови особено кај метеопатите појава на главоболки, болки во коските и на местата од старите рани, повремена нервоза, кај некои можна е појава и на несоница а пак кај некои и поспаност, кај овој тип на граѓани можна е и појава на тежина во телото и во главата.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во попладневните часови кога особено на планините и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.
НАЈАВА: Одсега гледано промена на времето и нов циклон не очекува веќе во текот на ноќта недела кон понеделник но околу ова официјални податоци и дали точно ова ќе се случи ќе имаме понатаму.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!



