Свет

Возач на Мерцедес избегна фатален судар на автопат- автомобил „лета“ во спротивна насока(ВИДЕО)

Возач на Мерцедес избегна фатален судар на автопат- автомобил „лета“ во спротивна насока(ВИДЕО)

Средба со возило кое вози на автопат во спротивна насока е една од најужасните и најопасните ситуации во сообраќајот.

Во такви случаи, таквата средба често завршува со директен судир со најсериозни последици.

Сепак, и да не дојде до несреќа, тоа е настан кој длабоко ќе остане врежан во меморијата на возачот со можни долгорочни последици по неговото ментално здравје. Колку е страшно сведочи ова видео кое ни доаѓа од полски автопат.

На видеото се гледа сообраќајот на автопатот во кој возачот на шлепер од коловозната лента во спротивен правец со трепкање на светлата сигнализира опасност. Наскоро гледаме светла на автомобил кој вози во спротивна насока, а потоа кон него брза Мерцедес. Мерцедес закочил во последен момент, се префрлил од лентата и ја избегнал несреќата.

Пред се, тука треба да му се честита на брзата реакција на возачот. Исто така, можно е да се работи за безбедносен систем за помош на возачот, предлагаат некои во коментарите на видеото. Системот е Evasive Steering Assist и во основа е автоматизиран систем за препознавање на пречките пред автомобилот и нивно избегнување.

https://youtu.be/6JOfQMcDZYo

Како и да е, овој маневар ги спаси животите на патниците во двата автомобила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни