Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов.
Тој одговорноста за несреќата ја префрли на возачот кој управувал со автобусот.
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина“, вели Сарафов.
Шефот на Националната истражна служба додава дека сега останува да се изврши судска наредба во Северна Македонија и да се известат роднините на жртвите оти имаат право да направат увид во материјалите.
На 23 ноември 2021 година во раните утрински часови, автобусот на „Беса Транс“ кој што од Истанбул се враќаше со туристи, удри во ограда на автопатот Струма, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица.