Поврзи се

Македонија

Воздух со мирис на политика, им смета само на тие што се во опозиција

Published

on

Битолчани секојдневно се борат со ПМ10 честичките. Досега преземени се само неколку мерки за намалување на загаденоста, но и тие не вродија со плод. Сегашната опозицијата кога беше на власт велеше дека ништо не можат против божјите сили, а сегашната власт вели дека нема магично стапче. Експертите се децидни дека потребни се пари, воља и знаење за решавање на проблемот.

Локалната самоуправа во 2014 година предводена од Владимир Талески рече дека нема ингеренции врз божјите сили и ја обвини опозицијата.

-Текстот продолжува по рекламата-

„Тие од политичка партија се претворија во една инспекција која што деноноќно ја дува маглата од Битола, заборавајќи дека локалната самоуправа нема големи надлежности врз божјите сили“, рече Владимир Талески – поранешен градоначалник на Битола. на 06.01.2014 година.

Четири години подоцна, локалната самоуправа предводена од Наташа Петровска вели дека магично стапче не може да се направи за да се исчисти воздухот.

„Јас и во кампањата тоа го кажував, снимките може да го потврдат тоа дека магично стапче да го решите проблемот кој што е со години создаван апсолутно не можете да направите“, рече Наташа Петровска – градоначалник на Општина Битола на 27.12.2017 година.

Секојдневно во Битола се организираат разни настани за тоа како да се намали аерозагадувањето. На последниот организиран од опизициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека тие оставиле готов елаборат и проект за централна топлификација, но, актуелната власт го игнорирала.

„Ние сакаме да апелираме на сегашната локална власт и на централната, бидејќи проектот топлификација го води ЕЛЕМ, што побрзо да го спроведе бидејќи според податоците што ги имаме како влијаат фосилните горива врз загадувањето на амбиенталниот воздух, со нивна замена преку централно греење, ќе значи намалување на тие штетни агенси во воздухот“, рече Силвана Ангелевска – поранешен претседател на Советот на Општина Битола.

Експертите за заштита на животната средина велат дека само со поливалентен пристап и преземање повеќе комплексни мерки, може да се реши аерозагадувањето на Битола, а за тоа покрај знаење и пари, потребна е и голема волја.

„Граѓаните на Битола издвојуваат средства во Буџетот за да опстои Државата и заслужуваат таа малку да посвети внимание и да обезбеди нормални и прифатливи човечки услови за живот, а не да препушти единстевно на стихија и на природата, па да молеиме да дувне ветерче за да се одвеат оние штетни материи кои што го загадуваат нашето загадување“, рече Константин Димитров – експерт по енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

Според програмата за животна средина која в вторник ќе се најде пред битолските советници, Општина Битола предлага субвенција за печки на пелети, велосипеди, електрични скутери, чистење на оџаци, но ќе постави и City Tree за прочистување на воздухот. Предлогот на „Поинаку“ за субвенционирана струја кој на последната седница беше изгласан, сѐ уште не е објавен во службениот гласник на општината.

Во последните денови од оваа година, мерната станица во Битола забележа рекордно присуство на ПМ10 честички дури 600 микрограми на метар кубен. На крајот од оваа година, едно е сигурно дека и во новата година битолчани ќе дишат загаден воздух.

РЕПОРТЕР: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Стружанец сечејќи дрва се повредил и починал

Македонија

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денес, во три групи

4NEWS.mk

Екс претседателот на Кривичен, Панчевски се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС

Македонија

Во изминатото деноноќие 390 прекршоци за неносење заштитна маска

4NEWS.mk

Копала тунел за син и да избега од затвор

Македонија

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

4NEWS.mk

Санкционирани „диви тркачи“ на скопските улици

4NEWS.mk

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Македонија

Дали се во опасност учениците во училиштата? – Педијатарот Кокале: Децата многу малку се заразуваат

4NEWS.mk

Државниот пазарен инспекторат со полни раце работа на охридското крајбрежје, кривични пријави против три угостителски објекти

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Што ќе се случува во следните месеци со коронавирусот? – „Имаме две сценарија“, одговара Караџовски

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада во судиско продолжение или ќе треба да понесеш одговорност

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри