Возел милион патници во авион 13 години без дозвола: Сам си направил сертификат, го измамил цел свет „Летав како БОГ“

Швеѓанецот Томас Салве работел како пилот 13 години без вистинска лиценца.

Томас Салве од Шведска работел како пилот 13 години иако немал дозвола за летање, пишува „Дејли мејл“. Бил копилот, потоа пилот и никој никогаш не се сомневал во неговите летечки способности.

Тој беше уапсен во 2013 година во Холандија. Тој е приведен на аеродромот во Амстердам додека со авион „боинг 737“ со 101 патник се подготвувал да полета за Анкара.

Претходно, Салве имаше дозвола за управување со мали авиони, но таа истече. Подоцна во едно интервју тој призна се и откри дека имал 10.000 часови лет, дека превезол милион патници со 3.500 полетувања и слетувања.

Тој самиот го создаде сертификатот. Отсекогаш бил заинтересиран за авијација, често велел дека во тие 13 години работа како пилот уживал и дека „летал како Бог“.