60-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило под дејство на алкохол во струшкото село Мислешево.
Според информациите од полицијата, на 25 октомври во 01:00 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „МГ“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (60) од Скопје.
При извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 2,22 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, а по насоки на јавен обвинител, возилото му било одземено.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.