4NEWS.mk

Возило излета од автопатот „Мајка Тереза“, четворица повредени меѓу кои и дете

Вчера околу 12,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека  на автопатот “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Рено клио“ со италијански регистарски ознаки, управувано од И.Д.(49) од с.Скудрине, гостиварско излетало надвор од коловозот.

Со повреди се здобиле И.Д. и сопатниците З. Д. (46), А.Д.(26), двајцата од с.Скудриње и 16- годишник, на кои им била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Кај З.Д. се констатирани тешки телесни повреди, а кај другите телесни повреди.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни