Свет

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Полицаец дивјачки клоца врзан маж, протести во Манчестер

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Полицаец дивјачки клоца врзан маж, протести во Манчестер

Британскиот полицаец кој беше снимен како дивјачки клоца и гази човек на земја на аеродромот во Манчестер, е суспендиран додека трае истрагата, соопшти полицијата во северниот англиски град.

Вознемирувачкото видео предизвика незадоволство во јавноста, а потоа и протести во Манчестер. На видеото се гледа како полицаецот клоца и удира по главата на маж кој бил врзан за подот пред да нападне друго лице.

Полицијата потврди дека нивниот службеник е суспендиран од „сите должности“ по „темелно разгледување на дополнителните информации што станале достапни“. Независната канцеларија за полициско однесување покрена целосна истрага, пишува Дејли Мејл.

Во меѓувреме, адвокатот што ги застапува двајцата мажи, кои беа уапсени на видеото, рече дека „правдата мора да надвладее“ откако стотици демонстранти се собраа пред локалната полициска станица за да ги обвинат безбедносните сили за расизам. За вечерва е планиран уште еден митинг, јавуваат медиумите.

Ахмед Јакуб, директор на Морис Ендрјус Солиситорс во Бирмингем, застапува двајца мажи, по име Амад и Фахир, кои во вторникот беа нападнати од полицаец на аеродромот.

Јакуб рече дека има намера да поднесе обвинение за нападот, велејќи дека жртвите „ќе ја добијат правдата“.

Нападнатите мажи по инцидентот завршиле во болница. „Ги документирав нивните повреди и одиме во полициската станица Рочдејл за да поднесеме формална пријава за напад и ранување во полиција“, рече адвокатот.

Полицијата соопшти дека нивните припадници реагирале на дојавите за напад. Се наведува дека тројца полицајци се повредени, меѓу кои и една жена која се здобила со скршеница на носот.

Сепак, полицијата на Манчестер призна дека снимката била „навистина шокантна и луѓето со право се крајно загрижени за тоа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни