4NEWS.mk

Вработените во Министерството за здравство се приклучија на еколошката акција

Вработените во Министерството за здравство денеска се приклучија на акцијата – Администрацијата чисти со граѓанската организација „Не биди ѓубре“. Министерот за здравство Венко Филипче и вработените во Министерството, акцијата ја спроведоа во општина Гази Баба, на улица „Индустриска“.

-Пораката што денеска ја испраќаме е во секој момент, секој од нас да внимава што остава зад себе. Целиме кон Европа и време е така секој од нас да размислува. Да се потрудиме градот да биде чист секогаш и секој ден, да не е ова само акција што ќе трае денес, а утре ќе се заборави. Секое ѓубре треба да биде фрлено во отпад, а не на улица. Повикуваме на грижа за околината во која живееме, рече министерот Филипче.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни