Во Парламентот денеска беше врачена државната награда „Свети Климент Охридски” за 2019 година што се доделува за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на државата.
За остварување во областа на воспитанието и образованието наградата му припадна на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог. Наградата за остварување во областа на културата и уметноста им беше доделена на писателот Димитар Башевски и Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.