Свет

Вратар кој убил девојче и го фрлил кај кучињата сега станува ментален тренер

Вратар кој убил девојче и го фрлил кај кучињата сега станува ментален тренер

БРАЗИЛСКИОТ голман Бруно Фернандес Голеиро (38) во 2013 година е осуден на 22 години затвор бидејќи се докажало дека ја убил тогашната девојка Елиза Самуида и ја фрлил кај кучињата да јадат. Бруно сега има нова работа. Според бразилските медиуми, осудениот убиец ќе стане ментален тренер и на тој начин ќе се посвети на работа со спортисти и тимови.

Ослободен од затвор

Да потсетиме, откако тој одлежа шест години и седум месеци затвор, неговите адвокати поднесоа претставка поради бавната обработка на жалбеното барање. Петицијата беше одобрена од министерот Марко Аурелио Мело, а Бруно беше ослободен од затвор во очекување на жалба. По ослободувањето доби голем број понуди, а тој прифати да се пресели во Бу Спорт. Жалбата на мајката на убиеното девојче не помина и тој остана на слобода.

Ужива домашен притвор

Во април 2017 година, бразилскиот суд нареди негово ново апсење, па тој повторно беше затворен. Тој излезе од затвор во јули 2019 година и сега ја отслужува казната во полуотворена програма, каде може да работи или да тренира преку ден, а ноќите мора да ги минува во домашен притвор. Целта на програмата е затвореникот секоја вечер да се враќа во затвор, но несоодветните капацитети во затворот Варгиња доведоа до тоа Бруно да ужива домашен притвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни