Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Попладнево од 15:25 часот поради врнежи од снег и засилен северен ветер од превентивни причини се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и обратно, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места во западниот дел од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви.
Метеоролозите најавија снежни врнежи во следните два дена, особено во западниот дел на земјата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.
