Вртоглави трошоци, еден студент месечно троши од 21 до 23 илјади денари

Еден студент во Македонија троши од 21 до 23 илјади денари на месечно ниво, покажува истражувањето спроведено од Здружението на млади аналитичари и истражувачи и Младински образовен форум, со поддршка на Фондацијата „Отворено општество“. Месечните трошоци на 61.5% од студентите ги покриваат нивните родители.

Студентите се жалат дека покрај административните трошоци и книгите и скриптите кои мораат да ги купат, имаат и дополнително трошоци кои преставуваат товар за нив и нивните семејства. Велат дека платите во Македонија не се доволни за покривање на потребите на еден студент.

Се вчитува...

„Кога ќе се земат предвид платите во Македонија и условите кои ги има народот, мислам дека е скапо. Јас работам и немам проблеми, но повеќето студенти со кои имам разговарано на оваа тема, изразија незадоволство и ми рекоа дека во споредба со платите тука, факултетот е многу  скап. Поголемиот дел од моите колеги во група, зависат од стипендијата и прават сѐ за да постигнат успех за да можат да ја задржат“, изјава на студент.

„Мислам дека со платите тука во Македонија, ние како студенти немаме услови за да ги покриеме нашите потреби како студенти“,изјава на студент.

„Минимумот е 500 денари на ден. Храна, кафе…. минимум 500 денари дневно.
Н: Колку чинат книгите што ги купувате“

„Кога ги фотокопираме излегува околу 100 денари, но имало случаи кога купуваме книги кои чинат дури и по илјада денари“

Н: Од прилика колку ви е потребно вам како студенти за да го поминеме месецот?

„Можеби 250 до 300 евра месечно“,изјава на студент.

Во рамките на истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент?“ експертите исто така изготвија и препораки за институциите со цел да се креираат подобри политики за подобрување на стандардот на студентите. Актуелниот закон за студентскиот стандард опфаќа само две нешта – нивното сместување во студентските домови и стипендиите.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21