Во Франција утринава во 08:00 часот беа отворени избирачките места за вториот круг од предвремените парламентарни избори.
Една недела по првиот круг околу 49 милиони гласачи запишани во избирачките списоци можат да гласаат во вториот круг од парламентарните избори, а проценките и резултатите ќе бидат објавени од 20 часот, јавува БФМ ТВ.
Времето на затворање на избирачките места варира, а според веб-страницата service-public.fr, избирачките места треба да бидат затворени во 18:00 часот, но секоја префектура може да донесе уредба со која може да го одреди датумот на затворање на гласањето порано или подоцна, па така, на пример, во големите градови често може да се гласа до 20:00 часот.