Втора жртва од морбили, едно дете во критична состојба – девет новозаболени

13 месечно бебе, кое  што и претходно имало компликации со белите дробови , и кое што имало и морбили е втората жртва што почина доцна синоќа на Детската клиника во Скопје. Уште едно дете е со комплициран статус и се бори за живот , вели директорката на клиниката , Катерина Ставриќ. Кај бебето бил направен и обид за поставување на респиратор, но без успех.

Катерина Ставриќ- директор на клиника за детски болести

„Со клиничка слика на морбили беше примено на инфективна, по три дена паѓање на температурата, детето во тешка состојба е префрлено на натамошен третман во нашата клиника. За жал со прогресивно влошување на состојбата, масивна пнеумонија, не успеа да ја добие битката со морбилите“

Детето малите сипаници ги префатило од неговиот татко, кој од морбили се разболел пред околу две до три недели. На клиниката за детски болести уште едно бебе, 5 месечно доенче, е во тешка состојба. И тоа имало претходни белодробни проблеми.

Катерина Ставриќ- директор на клиника за детски болести

„Поради тежината на клиничката слика е префрлено кај нас, сега е на респиратор, се надеваме дека со примена на сите протоколи, ќе успееме да го извлечеме“.

Во текот на вчерашното дежурство, дежурните служби прегледале 9 пациенти со морбили, од кои три се примени за болничко лекување. Во моментов на  Инфективна клиника има 25 пациенти со морбили од кои неколку се деца, со посериозни пневмонии. Инаку, од вкупно 11 илјади невакцинирани деца на предучилишна возраст, досега се вакцинирани повеќе од 6.000 деца. Лекарите повторно апелираат невакцинираните деца час поскоро да се вакцинираат.

Новинар: Љубиша Цветкоски

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното