Балкан

Вучиќ: Белград ќе бара деескалација на северот од Косово

Вучиќ: Белград ќе бара деескалација на северот од Косово

Белград ќе работи на деескалација на тензиите во северно Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот на Советот за национална безбедност на Србија.

Вчучиќ го свика состанокот по серијата инциденти во текот на викендот во регионот, населен главно со етнички Срби.

Ескалацијата дојде поради апсењето на поранешен припадник на косовската полиција со српско потекло. Беа поставени блокади на клучните патишта во знак на протест против неговото приведување.

Во саботата, шок-граната беше фрлена врз полицајците испратени од земјите на ЕУ, а локалните косовски власти се вклучија во престрелка со непознати групи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни