Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави. Ова предмалку го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ. Претседателот Александар Вучиќ посочи дека ни треба единство, заедништво и обединување повеќе од кога било. Тој нагласи дека ова е последната вечер на која ќе зборува како претседател на Српската напредна странка и рече дека е за дијалог и разговор, но дека нема да има преодна влада.
„Не постои нешто друго полошо од омраза. Овој голем собир денеска не е против никој. Ниту едно име не споменавме, ние се собравме од љубов, поради љубовта кој Србија кон нашата татковина, бидејќи друга татковина немаме. Една единствена. И да се заблагодарам на сите вас кои дојдовте од Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска и сите краеви од поранешните ЈУ простори. Да ви се заблагодарам што толку ја сакате Србија, бидејќи иако живееме во одделни држави, Србија е секогаш ваша мајка и тоа така ќе биде, а наша работа е да никогаш не заборавиме дека сме еден народ и дека тоа никој нема да може да го промени. Ви благодарам луѓе на големата поддршка. Ви благодарам за љубовта. И јас ве сакам, да се борите и да се бориме заедно, бидејќи пред нас е најтешкиот период за борба“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во својот говор вечерва во Белград.

„Ова е мојата последна вечер на чело на СНС“
„Јас сум 11 години на чело на СНС, најдобрата и најголемата партија на прекрасни домаќини и чесни луѓе, вие го сторивте тоа луѓе. Ова е последна вечер што ви се обраќам како претседател на СНС“, рече Вучиќ.
„Владата ќе се избира на избори“
Нема да има преодни влади и владата ќе се избира на избори по волја на народот, а не со упад во институции и пренајмување на улица и за тоа нема да има натамошни дискусии“, рече Вучиќ.